Лацио потврди: Кореа сака трансфер во Интер

Хоакин Кореа е на добар пат да се пресели во редовите на Интер, изјави спортскиот директор на Лацио, Игљи Таре. Тимот од Милано е сериозен во своите намери за овој трансфер, а по се’ изгледа ваквата љубов е возвратена и од фудбалерот.

Таре за италијанските медиуми потврди дека Аргентинецот сака да го напушти „Олимпико“ и да му се приклучи на поранешниот тренер во редовите на „нерoаѕурите“.

Преговорите помеѓу двата клуба се во тек, а цената на Кореа изнесува околу 30 милиони евра.

Се вчитува...