Лацио продолжува да реди победи, со играч повеќе ја совлада Болоња (ВИДЕО)

Екипата на Лацио 68 минути се мачеше да го скрши отпорот на Болоња, која играше и со играч помалку во вториот дел, но на крајот стигна до победата со три гола во последните 22 минути од средбата.

Болоња од 35. минута играше со играч помалку, откако Томазо Побега доби два брзи жолти картони, и беше исклучен, оставајќи ги своите соиграчи на цедило.

Тоа во 68. минута го искорсти Гиго кој погоди за 1-0. Веднаш потоа Закањи во 72 минута ги доближи лацијалите до победата, за Деле Баширу стави печат на победата во втората минута од судиското надополнување.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...