Лацио стигна до победа на гостувањето во Бергамо кај Аталанта од 0-2 во натпреварот од 11. коло во италијанската Серија А. Тимот од главниот град на Италија е првиот кој сезонава успеа да слави победа над избраниците на Гасперини.
„Лацијалите“ до водство од 0-1 стигнаа со погодокот на Матија Закањи во 10. минута. Со овој резултат се замина на полувреме. Конечните 0-2 ги постави Фелипе Андерсон во 53. минута. За издвојување од мечот е и црвениот картон кој го доби играчот на домаќините Муриел во 90. минута.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА