Фудбалерите на Лацио стигнаа до триумф на домашен терен над Сампдорија од 2-0 во натпревар од 36. коло во италијанската Серија А. Водство за домаќините од 1-0 донесе Патрик во 41. минута, резултат со кој се замина на пауза.
Конечните 2-0 беа дело на Луиз Алберто во 59. минута. До крајот „лацијалите“ го исконтролираа мечот за нови три бода на првенствената табела. На неа тимот од Рим останува на петата позиција со 62 бода, три повеќе од градскиот ривал Рома која има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА