Лацио сака да го задржи Симоне Инзаги на клупата до 2022 година

Италијанскиот калчолигаш Лацио потклекна во трката за шампионската титула со Јувентус, но раководството на клубот е екстремно задоволно и со четвртата позиција која сепак гарантира пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Оттаму и понуда до тренерот Симоне Инзаги да ја продолжи верноста до 2022 година.

Претседателот Клаудио Лотито имал разговор со Симоне Инзаги и му попудил тој да остане на клупата и во наредните две години. 44-годишниот стратег ќе добие плата од 2 милиони евра по сезона, која со бонуси за евентуални успеси може да достигне и до 3 милиони евра.

Лацио до пред паузата во Серија А поради коронавирусот беше во тесна трка за врвот со Јувентус и со Интер, но потоа падна во формата и заостана бодовно зад тимот на Маурицио Сари.

 

Се вчитува...