Лацио се спаси од пораз во последен миг

Лацио во последен миг успеа да се спаси од пораз на „Олимпико“, играјќи 1-1 против Милан. Со ремито „Лацијалите“ ја задржаа четвртата позиција на табелата која носи во Лигата на шампионите.

Франк Кеси беше стрелец на водечкиот погодок за „росонерите“ во 78.минута. Тој шутираше од работ на шеснаесетникот, топката удри во еден противнички фудбалер и заврши во мрежата на „лацијалите“. Сепак, во третата минута од судиското продолжение, Хоакин Кореа успеа да постигне израмнувачки гол и да му донесе бод на Лацио.

Се вчитува...