Нов англиски фудбалер во редовите на Лацио од следната сезона. Најзвучното име е секако Пол Гаскоњ кој настапуваше од 1992 до 1995 година за „лацијалите“, за да сега како сериозно засилување се спомнува Дени Велбек.
Освојувачот на Купот на Италија го посакува во своите редови 28-годишниот Велбек кој има одврзани раце да ја одбере својата нова средина со оглед на тоа дека му заврши договорот со Арсенал.
Но, за да го ангажира Велбек, Лацио ќе мора и финансиски да ја победи конкуренцијата од Премиерлигата, пред се Евертон и Вест Хем кои исто така се заинтересирани за фудбалерот на „топчиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА