Лацио ја забележа и третата победа во низа од стартот на сезонава откако римскиот клуб славеше со 3-0 на домашен терен против Џенова. „Сино-белите“ успеаја во раната фаза да го отворат резултатот со погодокот што го постигна Нослин, за во 86. минута да зголеми на 2-0 ветеранот Педро, кој повторно се запиша меѓу стрелци откако влезе во игра во второто полувреме. Конечните 3-0 ги постави Весино на асистенција на Нуњо Тавареш.
Ова беше четврти пораз во петте последни средби на Џенова, по што огромни се шансите дека тренерот Алберто Џилардино во следните неколку дена ќе добие отказ од функцијата.
Монца и Венеција ремизираа 2-2 во вториот дуел од попладневниот термин во Серија А. Гостите имаат за што да жалат бидејќи водеа со 0-1 и со 1-2, но Ѓуриќ се погрижи Монца да освои барем еден бод на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА