Лацио со автогол триумфираше во Верона (ВИДЕО)

Лацио триумфираше со 0-1 на гостувањето против Верона во 20. коло од Серија А.

Клучниот момент на мечот беше во 79. минута кога Данецот Виктор Нелсон си постигна автогол. Нелсон се обиде да го пресече додавањето на Мануел Лазарио, но не се снајде добро, топката го измами него, го измами и домашниот голман и заврши во мрежата.

Така, римјаните освоија три бода и останаа во борбата за една од европските позиции.


Се вчитува...