Со минималниот триумф над Емполи на гостински терен, екипата на Лацио ја продолжи битката за место во Лигата на шампионите идната сезона. Лацијалите славеа среќно, иако од 38. минута имаа играч повеќе на теренот.
Лацио уште во 1. минута од средбата поведе преку Диа, и тоа беше на крајот конечен резултат.
Во 28. минута Емполи остана без Коломбо, кој доби втор жолт картон. И покрај ова, Емполи успеа да постигне гол, но истиот беше поништен поради офсајд. На крајот и Лацио остана со играч помалку по исклучувањето на Хисај во 76. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

