Лацио стигна до огромна победа над Џенова од 3-2, за бодови со кои барем за момент ќе се смират тензиите во таборот на римскиот клуб. Претседателот Лотито е во војна со спортскиот директор и со тренерот Сари, клучни фудбалери си заминаа зимава, а на излезна врата е и капитенот Ромањоли, па јасно е зошто триумф на вечерашниот дуел им беше неопходен на „лацијалите“ за смирување на страстите.
И кога се поведе со 2-0 во второто полувреме (пенал на Педро, па гол на новото засилување Тејлор), се чинеше дека таа цел ќе биде остварена. Сепак, за помалку од десет минути следеше шок за домашните фанови на „Олимпико“, Малиновски и Карвалјо стрелаа прецизно и ја вратија Џенова во игра.
Тоа не беше крај на возбудувањата, откако длабоко во судиското продолжение беше досуден нов пенал за Лацио, што Каталди со гол во 100. минута го претвори во победнички погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

