Српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ би можел да го напушти Торино и да се пресели во Лацио.
Неговите добри игри не можеа да останат незабележани, бидејќи оваа сезона три пати ја сочува мрежата на својот тим.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Лацио изразил желба да го доведе српскиот голман. Информациите не изненадуваат, со оглед на тоа што дел од овој тим беше неговиот брат, Сергеј.
Во Рим многу размислуваат за следната сезона, а во Милинковиќ-Савиќ гледаат стабилност меѓу стативите.
Минатата сезона Вања за малку не го сруши рекордот на Торино по број на натпревари без примен гол, а новата натпреварувачка година донесе продолжение на неговата исклучителна форма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА