Лацио за едно полувреме го скрши отпорот на „фенерџијата“

Лацио ја забележа втората победа на третиот калчолигашки дуел под водство на Игор Тудор откако римскиот клуб вечерва без многу проблеми триумфираше над Салернитана со 4-1. Тудор за овој меч не можеше да смета на неколку првотимци предводени од капитенот Чиро Имобиле, но и со комбиниран состав рутински го совлада „фенерџијата“ на табелата.

Овој меч го одбележа одличното издание на Фелипе Андерсон, Бразилецот кој се најавува како летно засилување на Јувентус, кој блескаше во првото полувреме. Токму Андерсон го отвори резултатот по еден одличен соло продор во седмата минута, а во 14. минута Весино зголеми на 2-0. Гостите успеаја да намалат на 2-1, но Фелипе Андерсон со својот втор гол на мечот ја врати предноста на „плус два“ за „лацијалите“.

Избраниците на Тудор во второто полувреме рутински го сочуваа водството, па во 87. минута преку Исаксен ги поставија и конечните 4-1, за важни три бода во обид да фатат приклучок во борбата за место кое води во европските купови во наредната сезона.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...