Ники Лауда, кој е еден од шефовите на Ф1 тимот на Мерцедес, ги негираше гласите дека и Мерцедес е во редицата тимови кои чекаат на Себастијан Фетел да му заврши договорот со Ферари и да го земат во своите редови.
„Нашиот главен план не е да го земеме Себастијан Фетел. Сакам тоа јасно да го кажам“ – изјави Лауда.
Но, славниот Лауда не негираше дека германскиот тим за следната сезона планира да донесе искусен возач на местото на Валтери Ботас кој дојде како замена за Нико Розберг. Договорот на Финецот е за една година, а Тото Волф и Лауда пред стартот на новата сезона најавија дека поранешниот возач на Вилијамс има четири трки да ги покаже своите способности. Во плановите на Мерцедес е на крајот од претстојната сезона сепак, да ангажираат поголемо име во болидот на Нико Розберг кој сезoнава ќе го вози Ботас.
„Стартуваме со Хамилтон и со Ботас, ќе видиме како ќе се одвиваат работите“ – вели Лауда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА