Кошаркарот на Чикаго булс, Лаури Марканен забележа нов рекорд со кој одново се запиша во книгите на НБА – лигата. Пред речиси еден месец тој стана првиот „руки“ кој постигна 10 тројки по првите три меча во првенството, а на гостувањето во Денвер откако ја постигна првата тројка на мечот стана првиот новајлија кој погодил 48 пати од линијата за три поени во првите 20 натпревари од регуларната сезона.
Финскиот репрезентативец продолжува со добрите настапи во најсилната кошаркарска лига во светот, против Нагетс го предводеше тимот на Чикаго со 20 поени и девет скока, но за жал неговиот состав не успеа да ја прекине серијата од седум порази во низа.
https://www.youtube.com/watch?v=XGqdrNKnJHc
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА