Лаутаро: Ако не сакате да бидете овде, одете си од Интер!

Фудбалерите на Интер го завршија учеството на Светското клупско првенство по поразот од Флуминенсе, а Лаутаро Мартинез беше многу лут.

Вицешампионот на Италија не одигра добар натпревар и беше елиминиран во осминафиналето од бразилскиот клуб. Мартинез по натпреварот даде многу остра изјава, пред се упатена до соиграчите.

На Аргентинецот не му се допадна како изгледаат одредени играчи на теренот, не поради самата игра, туку поради моментот на волја:

„Сакам да се борам за најголемите титули. Кој сака да остане во Интер, мора да се бори со мене. Кој не сака да остане и да се бори може да си оди“, изјави Мартинез.

Се вчитува...