Лаутаро Мартинез, напаѓачот на Интер се огласи на својот Инстаграм профил и потврди дека нема да го напушти клубот ова лето. Мартинез во октомври минатата година го продолжи договорот со италијанскиот клуб, но често пати се споменуваше дека може да замине.
Напаѓачот посебно се поврзуваше со клубови од Премиер лигата. Сепак, 24-годишникот потврди дека ќе остане верен на „нероаѕурите“.
„Нова сезона, заедно“, напиша Лаутаро.
Аргентинскиот напаѓач во дресот на Интер минатата сезона одигра 48 натпревари и постигна 25 голови. Од доаѓањето во Интер во 2018 година на вкупно 133 настапи постигна 58 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА