Лаутаро е „фит“ за клучните битки на Интер

Интер ќе биде осетно засилен за двете последни битки оваа сезона откако Лаутаро Мартинез се приклучи на тимските тренинзи, ставајќи му се на располагање на тренерот Симоне Инзаги.

Аргентинецот настапи повреден на реваншот со Барселона, но скапо го плати тој ризик, па по обновената повреда не настапи на последните два меча против Торино и Лацио. Сепак, тој добил зелено светло за тренинзи со екипата, по што е јасно дека Лаутаро ќе стори се за да му помогне на тимот во битките за најважните трофеи.

Се очекува тој да го предводи нападот на „нероаѕурите“ на гостувањето против Комо в петок, меч на кој Интер мора да победи, но и да се надева дека Наполи нема да триумфира на својот дуел, за тимот на Лаутаро да го одбрани скудетото.

Доколку не дојде до нови компликации околу повредата, аргентинскиот ас ќе биде клучен адут на Инзаги и за големото финале од Лигата на Шампионите против ПСЖ, дуел закажан за 31 мај во Минхен.

Се вчитува...