Долго време Интер се мачеше да дојде до триумф над Пиза во рамките од 13. коло во Серија „А“. На крајот до него успеа да дојде благодарение на Лаутаро Мартинез кој со два гола го врати својот тим на победничките патеки.
Имаше Интер шанси и во првиот дел преку Димарко, па потоа преку Ачерби, потоа и Лаутаро имаше шанса, но немаше погодок. Пиза се закани преку Пичини во првиот дел, ама топката отиде само крај дирекот.
Пиза беше нешто подобар противник на стартот на вториот дел, имаше шанси преку Мајстер и Нзола, а потоа кога се чинеше дека има контрола на играта, Интер стигна до предност. Се играше 69. минута кога Лаутаро по едно добро додавање од Еспозито успеа да го промени резултатот.
Истиот фудбалер во 83. минута доби топка од Барела, и шутираше во долниот десен агол за зголемување на предноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

