Интер по голема борба успеа да го елиминира Баерн Минхен и да стигне до билет за полуфиналето од Лигата на Шампионите откако „нероѕурите“ ремизираа 2-2 на домашен терен, па како клучна се покажа нивната победа на „Алијанц Арена“ на првиот меч одигран минатата седмица.
Баерн поведе со 0-1 и го врати двомечот во егал, но Лаутаро Мартинез покажа зошто е вистински лидер, одговарајќи со израмнувачки погодок по кој италијанскиот првак се врати во ритам и на крајот стигна до полуфиналето.
„Ова сигурно беше епски меч, дуел што ќе го паметиме уште долго… Вложивме толку многу труд, во ниту еден момент не се предадовме, дури и кога Баерн поведе. Целта на Интер секогаш е да се оди на трофеј, никогаш не зе предаваме, имаме и срце и глава, нешто што е одлика само на најголемите клубови“, изјави Лаутаро по мечот на „Џузепе Меаца“.
Следен противник на Интер е Барселона, а Аргентинецот очекува нови спектакуларни натпревари во Лигата на Шампионите.
„Тие се одличен ривал, клуб со богата историја. Сигурно ќе биде спектакуларно, но ние најпрвин ќе се фокусираме на следниот меч од домашното првенство. Потоа ќе размислуваме за Барса“, порача капитенот на „нероаѕурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА