Лаутаро Мартинез не мрда од Интер

Капиетнот на Интер, Лаутаро Мартинез наскоро ќе потпише нов договор со важност од 2029 година, откри потпретседателот на италијанскиот клуб Хавиер Занети.

Италијанскиот тим и Аргентинецот веќе подолго време водеа преговори за продолжување на соработката, а најдено е решение за нов повеќегодишен договор со кој напаѓачот ќе заработува околку девет милиони евра по сезона.

Сега 26-годишниот Мартинез е дел од Интер од 2018 година. За „нероаѕурите“ одигра 282 натпревари, а постигна 129 голови и 43 асистенции.

Се вчитува...