Лаутаро Мартинез: ВАР уништува се во фудбалот

Лаутаро Мартинез ја критикуваше ВАР технологијата откако Интер не успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Монца, по автоголот на Дамфрис во судиското продолжение.

Мечот можеше да има сосема поинаков тек ако беше признаен регуларниот гол на Ачерби, што главниот судија го поништи поради туркање во шеснаесетникот, иако повторените снимки покажаа дека двајца домашни соиграчи се сопнале еден од друг. Сепак, поради фактот дека судијата свирна пред топката да заврши во мрежата, ВАР не можеше да интервенира и да ја промени неговата одлука.

„Тој поништен гол промени многу работи, на крајот се покажа како решавачки бидејќи со тој погодок сигурно ќе победевме. Нормално е да се сомневаме во ВАР, оваа технологија е тука за да помогне да нема судиски грешки, а некако се случува грешките да се провлекуваат. Јас не сум фан на технологијата, мислам дека ВАР уништува се во фудбалот. Како што ни кажа и тренерот во соблекувалната, кога по четири или пет години користење на ВАР се уште промашуваат со одлуките, јасно е дека работите не се како што треба. Не го велам ова само поради резултатот во Монца, туку поради честите грешки на кои сме сведоци секојдневно на натпревари ширум светот“, изјави Мартинез.

Се вчитува...