Лаутаро откри: После поразот во финалето во ЛШ не можев да зборувам 5-6 дена

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез откри дека поразот во финалето на Лигата на шампионите влијаел многу тешко на него. Тој кажа дека не можел да зборува денови после катастрофалниот пораз од ПСЖ со 5-0.

За Лаутаро тоа беше втор пораз во финалињата во ЛШ во три години, и кажа дека многу тешко му падна.

„Мораме да свртиме нова страница и да не размислуваме на тоа што се случи. Не разбирам како можевме да пропуштиме толку голема шанса на ваков начин. Кога Киву дојде на местото на Инзаги, имав долг разговор со него. Ми ги сподели идеите за работата, и размислуваме слично. Неговиот менталитет е сличен на моите. После тој разговор, зборував и со играчите и ги замолив да не губат надеж, и дека сите заедно ќе мораме да продолжиме да растеме. Бев тажен после загубата во финалето. Во суштина, ми требаа 5-6 дена да почнам да зборувам. Сакав се да им објаснам на моите најблиски. Таа ноќ не можевме ништо да направиме. Не бевме ние, не бевме како тим. Без разлика на се, мораме да продолжиме понатаму. Нема друг начин. Жал ми е што не освоивме ниту еден трофеј, но не можам да кажам дека сезоната е неуспешна. И ова треба да биде поттик за нови почетоци“, рече Лаутаро.

Се вчитува...