Лаутаро: Победата во Бергамо – подарок за сите навивачи на Интер

Интер се врати на врвот на калчолигашката табела со победата над Аталанта во Бергамо, меч што беше решен со погодокот на Лаутаро Мартинез постигнат во второто полувреме.

Тоа беше четврти меч во низа на кој Аргентинецот успеа да се запише меѓу стрелците, нешто што му немаше успеано во последните четири години.

„Ја завршив ланската сезона со силна болка поради повреда, потоа стиснав заби и играв и на клупскиот мундијал. Имав краток одмор летово, но сите сме тука за една иста работа – Интер да победува. Ова беше директен дуел со ривал што се бори за висок пласман, сите знаеме колку силен тим е Аталанта, затоа сме пресреќни што стигнавме до победата. Овој триумф нека е подарок за сите навивачи на Интер, но и за нашите семејства што се секогаш крај нас и ни даваат поддршка“, истакна Лаутаро Мартинез.

Се вчитува...