Интер успеа да ја елиминира Бенфика и да обезбеди полуфинале во Лигата на Шампионите, каде „нероаѕурите“ ќе се сретнат со големиот градски ривал Милан.
Лаутаро Мартинез беше критикуван поради слабата форма, Аргентинецот беше без постигнат гол на последните девет меча за тимот, но одговори на вистински начин кога беше најважно, стрелајќи прецизно во мрежата на Бенфика.
„Тоа е нормално во светот на фудбалот, некогаш топката сака да влезе во мрежата, некогаш никако не успеваш. Најважно е да работиш и да не се откажуваш, јас го праев токму тоа. Пресреќен сум што сум член на овој голем клуб и што се радуваме на овој одличен пласман. Полуфинале со Милан во Лигата на Шампионите, тоа ќе биде вистински спектакл. Влогот ќе биде огромен и верувам дека ќе бидеме на висина на задачата. Сепак, до тој двомеч ќе мораме да се насочиме кон пресметките во Серија А“, изјави Лаутаро Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА