Интер веќе подолго време е надвор од трката за скудетото, но „нероаѕурите“ со денешниот пораз од Болоња си ја искомпликуваа работата и во борбата за второто место на табелата.
Поранешниот првак на Италија одигра разочарувачки меч и заслужено претрпе пораз, а голгетерот Лаутаро Мартинез по мечот јавно им се извини на навивачите за оваа слаба партија.
„Да бидам искрен, можеме само да се извиниме на сите наши приврзаници бидејќи со вакви изданије нема да стигнеме никаде. Потребен ни е континуитет, во средата одигравме одличен меч во Лигата ан Шампионите, а сега ни се случува вака да потфрлиме. На сите ни е јасно дека тоа е недозволиво, мораме да ја кренеме главата и да почнеме да играме добри партии бидејќи вака нема да стигнеме онаму каде што сите посакуваме да бидеме“, изјави аргентинскиот голгетер во дресот на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА