Фудбалерите на Интер триумфираа против јапонскиот Урава со 2-1 во 2. коло од Групата Е на Светското клупско првенство.
По првото коло, „нераѕурите“ имаа бод од натпреварот со Монтереј, додека Урава на стартот загуби од Ривер Плата. Сега Интер дојде до првата победа на Светското клупско првенство и тоа по супер-пресврт, со гол во 93. минута.
Урава поведа со 0-1 со погодокот на Ватанабе во 11. минута од средбата.
Но, Лаутаро Мартинез во 78. минута со умешни „ножички“ донесе израмнување.
Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши со поделба на бодовите, Карбони во 93. минута донесе победа за италијанскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

