Македонија ЃП денеска и официјално ги промовираше најновите засилувања во своите редови за пролетниот дел од сезоната, поранешниот младински репрезентативец Бенјамин Демир и Бразилците Андре Пеналва и Пауло Едуардо Карваљо.
Демир меѓу „лавовите“ доаѓа од редовите на Спартак Суботица каде беше изминатава полусезонава. По раскинувањето на соработката со Србите веднаш се приклучи на подготовките на Македонија ЃП.
Според информациите од клубот, желба на Македонија ЃП е и довчерашниот фудбалер на Работнички, Остоја Стјепановиќ за кого постои интерес и од струмичка Беласица.
Покрај новите Бразилци во клубот останаа уште двајца бразилски интернационалци, Робсон да Силва и Паоло Нето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

