„Лавовите“ го грабнаа Стојчевски од Борец (ФОТО)

Досегашниот дефанзивец на Борец, Стојан Стојчевски по заминувањето од велешкиот прволигаш кариерата ја продолжува во редовите на Македонија ЃП.

„Лавовите“ и официјално го промовираа 28-годишниот Стојчевски кој треба да го засили тимот за пролетниот дел од сезоната.

Стојчевски претходно во својата кариера има настапувано и за Брегалница Штип, Академија Пандев, Работнички, Вардар, Тетекс, Хоризонт Турново и Скопје.

Welcome Stojan Stojcevski ! ??

Posted by ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 on Недела, 07 февруари 2021

Се вчитува...