„Лавовите“ го освоија Чаир на стартот на седмата рунда во ПМФЛ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров славеа на гостувањето кај Шкупи со 0-2 во премиерниот натпревар од 7. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Уште во 5. минута Клинтон донесе водство од 0-1 за гостинскиот тим. До крајот на првиот дел гостите стигнаа и до 0-2 со голот на Христов од пенал во 41. минута.

Во вториот дел гостите од Ѓорче Петров иако имаа уште неколку шанси, мрежите мируваа па на крајот на семафорот останаа оние 0-2 од првото полувреме.

ПМФЛ 7. КОЛО: 

ДЕНЕСКА: 

(15.30) ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2

УТРЕ: 

(15.30) ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 

(20.00) ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 

ПОНЕДЕЛНИК: 

(15.30) АП БРЕРА – АРСИМИ 

(15.30) СИЛЕКС – СТРУГА 

ВТОРНИК: 

(15.30) ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...