„Лавовите“ го победија Пелистер на тестот во Охрид

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Македонија ЃП триумфираше со 2-1 против Пелистер на пријателскиот натпревар кој се одигра за време на нивните подготовки во Охрид.

„Лавовите“ поведоа со два гола уште во првото полувреме, a битолчани единствено успеаја да го ублажат поразот со погодок на Ристиќ од пенал во 90. минута од средбата.

Се вчитува...