„Лавовите“ му ’украдоа’ бод на Работнички

Работнички и Македонија ЃП одиграа 1-1 на „Телеком арена“, во првиот натпревар од 28.коло во Првата фудбалска лига. „Лавовите“ успеаја да освојат значаен бод во битката за опстанок, а тимот на Виктор Треневски и понатаму цврсто го држи третото место на табелата.

IMG_5761

„Лавовите“ од Ѓорче Петров подобро го започнаа мечот, наметнаа своја игра во поле, со брзи акции се обидуваа да стигнат до голот на Шишковски. Тоа и им донесе резултат. Во 27.минута, откако голманот Шишковски боксуваше една топка на работ на шеснаесетникот, таа дојде до Валмир Јонузи, кој со одличен удар го лобуваше и ја погоди мрежата на „романтичарите“.

IMG_5683

Но, кон крајот на првиот дел, Работнички успеа да израмни. Елиф Елмас беше стрелец на погодокот за домашниот тим, во 43.минута, откако со одмерен удар го совлада противничкиот голман.

Во второто полувреме, се играше отворено, а Работнички имаше неколку шанси за водство. Во 63.минута, Филип Ивановски имаше убава шанса, но Џангаровски во последен момент блокираше и исфрли во корнер. Потоа и Садики се обиде со удар со глава, но без ефект. Се обиде и Елмас, но „лавовите“ успеаја да освојат бод.

Се вчитува...