Ракометарите на Рајн-Некар Левен во четвртото коло од Бундес-лигата ја забележаа и својата четврта победа, овојпат на гостински терен против Битигхајм со убедливи 21-36.
Филип Талески и соиграчите го одиграа својот најдобар натпревар на стартот од сезонава, целосно доминираа од почеток до крај и го завршија ова гостување со двоцифрен триумф. Македонскиот ас беше на ниво во одбраната, но и во нападот каде постигна три погодоци од исто толку обиди. Најефикасни во таборот на „лавовите“ беа Колбахер со шест и Липовина и Радојевиќ со по пет погодоци.
Рајн-Некар Левен се наоѓа на врвот на табелата со осум бода, исто колку што имаат и Фленсбург и Магдебург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА