Рајн Некар-Левен забележа убедлива на победа на домашен терен против Лемго (28-21), за потврда на шампионските амбиции и во новата сезона во која „лавовите“ ќе ја бранат шампионската титула во Бундес-лигата.
Сосема очекувано, Лемго не беше достоен ривал за Филип Талески и неговите соиграчи, кои рутински ја одработеа задачата за да ги прокнижат првите бодови. Целата приказна околу победникот заврши уште во првото полувреме, во кое „лавовите“ поведоа со 16-8. Во првиот дел од второто полувреме предноста беше двоцифрена, за падот во концентрацијата во самиот финиш да му овозможи на Лемго конечниот пораз да биде изразен со „само“ седум гола разлика.
Филип Талески постигна еден гол во премиерниот натпревар сезонава, а најефикасни во неговиот тим беа Колбахер со десет и Шмит со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА