„Лавовите“ не издржаа: Пораз од Алашкерт (ВИДЕО)

Македонија ЃП загуби со 3-1 (1-0) на гостувањето против Алашкерт во Ереван во првиот меч од почетното квалификациско коло за Лигата на Европа. „Лавовите“ не успеаја да издржат до реми против ерменскиот тим, па на реваншот ќе ги чека повеќе од тешка задача во обидот за пласман во следната рунда натпревари на европската сцена.

Ерменците брзо дојдоа до предност со голот на Танков уште во 16. минута од натпреварот…

Но, храбрата игра на Македонија ЃП во продолжението вроди со плод, па „лавовите“ во второто полувреме успеаја да стигнат до израмнување. Јашароски израмни на 1-1 во 52. минута, откако повратникот во таборот на „лавовите“ со прекрасен удар со глава го матираше домашниот голман.

Сепак, Ерменците брзо се вратија со предност со голот на Секулиќ во 66. минута, за да конечните 3-1 за Алашкерт следат во 82. минута со автоголот на бразилскиот дефанзивец во македонскиот состав Лима Да Силва Нето…

Се вчитува...