Фудбалерите на Македонија ЃП синоќа од Солун отпатуваа за Ереван, каде во четврток ги очекува првиот натпревар од квалификациите во Лигата на Европа против ерменски Алашкерт.
Шефот на стручниот штаб на „лавовите“, Александар Таневски се одлучи за дводневна аклиматизација на неговите избраници во главниот ерменски град пред дуелот со Алашкерт.
Како што е познато, и Шкупи својот прв натпревар против Пјуник го игра во Ерменија. Чаирчани директно од Турција, каде беа на подготовки изминатиов период, ќе патуваат во Ереван.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА