„Како гром од ведро небо“ дојде информацијата дека еден од најдобрите играчи на Македонија ЃП, Арби Воша си заминува од клубот. „Лавовите“ на социјалните мрежи му се заблагодарија на играчот од средниот ред, кој кариерата ќе ја продолжи во друг клуб, најверојатно во странство.
Воша потекнува од школата на Македонија ЃП, играше во последните пет сезони во првиот тим, и на 113 натпревари постигна пет голови.
Тој е еден од најдобрите играчи во средниот ред во моментов во Првата лига. Беше еден од најзаслужните за успесите на „лавовите“ и за освоените два пехари во Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА