„Лавовите“ пред елиминација во Конференциската лига

Освојувачот на националниот куп, Македонија Ѓорче Петров има негатива од 1-0 против летонски РФС во реванш натпреварот од првото коло во најмладото фудбалско натпреварување во Европа, Конференциската лига.

По поразот во Скопје во првиот натпревар со 1-0 и во вториот меч Летонците имаат предност која како што изгледа на крајот ќе биде доволна за пласман во 2. коло.

Иако поседот беше на страна на домаќинот, Македонија Ѓорче Петров во првите 30 минути беше поконкретна, но избраниците на Горан Симов не успеаја да го начнат голот на Летонците. Казната стигна во 43. минута кога РФС поведе со 1-0 со погодокот на Куадио.

За потсетување вечерва своите натпревари ќе ги одиграат и Шкупи и Шкендија.

Се вчитува...