„Лавовите“ против Победа на прв мегдан дома за три бода!

Со натпреварот меѓу Македонија ЃП и прилепска Победа во Скопје денеска стартува 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По претходниот пораз од Шкупи, „лавовите“ на првиот мегдан сезонава пред своите навивачи во битка и за првите бодови. Сосема е јасно дека составот на ѓорчепетровци ќе атакува на триумф против прилепчани.

Но, јасно е и дека Победа, по двата почетни порази сезонава од Струга ТЛ и од Тиквеш, исто така посакува да дојде до првите бодови.

Останатите натпревари од третата рунда во шампионатот се играат утре, а слободна е екипата на Шкупи.

ПРВА ЛИГА – 3. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА

УТРЕ (17 ч.)

Кавадарци: ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА

Кратово: СИЛЕКС – СКОПЈЕ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ

Слободен е ШКУПИ

Се вчитува...