Фудбалерите на Македонија ЃП ја запишаа и втората победа сезонава, овој пат во 6. коло од Првата македонска фудалска лига триумфирајќи со 2-0 пред своите навивачи против екипата на АП Брера.
„Лавовите до водство дојдоа уште во раната фаза од натпреварот со голот на Симеон Христов во 19. минута.
Во второто полувреме, Хасан доби директен црвен картон кај гостите во 68. минута, па Мартин Талаков веќе во 72. минута го искористи тоа и погоди, по брз контранапад на домашните, за водство и од 2-0, што се покажа сосема доволно и за три бода на „лавовите“.
РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АП БРЕРА 2-0
Куманово: БАШКИМИ – СИЛЕКС 2-1
УТРЕ (17.09 – 15:30 ч.)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
ЧЕТВРТОК (18.09 – 15:30 ч.)
Гостивар: АРЕСИМИ 1973 – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

