Македонија ЃП грчевито се бори за опстанок во Првата лига, а младите фудбалери на тимот од Ѓорче Петров „лавовски“ се бореа на денешниот дуел против Работнички. Успеаја да освојат еден бод, кој и дава малку поголема надеж дека можеби и ќе успеат да го избегнат најлошото. Валмир Јонузи донесе водство за „лавовите“ во 27.минута, но Елиф Елмас израмни пред крајот на првиот дел.
И двете екипи играа офанзивно, прикажаа допадлив фудбал, а на крајот си поделија и по еден бод…
[new_royalslider id=”604″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА