„Лавовите“ се ќе почнат од нула: И Грнчаров не е повеќе тренер!

Македонија ЃП ќе почне очигледно се од нула во домашното првенство откако остана без комплетен менаџмент во спортскиот дел по доаѓањето на новото раководство во клубот.

Откако претходно за свое повлекување од функцијата спортски директор информираше Александар Бајевски, сега и Бобан Грнчаров иинформираше дека се повлекува од функцијата шеф на стручен штаб.

„Би сакал да ја информирам македонската јавност дека од денеска не сум веќе шеф на стручниот штаб на Македонија Ѓорче Петров.  Од клубот се разделувам со тага и жал, но и горд со се што сторив во овие година и пол, заедно со фудбалерите, тренерите од стручниот штаб и директорот Александар Бајевски“ – информира Грнчаров, притоа дополнувајќи:

„Откако дојдоа новите газди, се појавија ненадминливи разлики околу концептот на водење на клубот, особено по нивната одлука утрешниот меч со Шкендија да го играме со младинци. Сакајќи да си го оставам образот чист, решив веднаш да се повлечам. Резултатите кои ги оставам зад мене доволно говорат за мојата работа во Македонија ЃП. Ланската сезона триумфално минавме низ Втората лига и експресно се вративме во елитата, а годинава успеавме да го стабилизираме клубот во средината на табелата со шанси да се вмешаме во борба за некои од погорните места. На новите газди и на мојот наследник му посакувам среќа и успех во работата што им претстои“.

Се вчитува...