„Лавовите“ се разделија и со Стоилов а продолжија со Лазаревиќ, подготовките стартуваат на 7. јуни

По Бразилецот Матеус и напаѓачот Арби Воша, и фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Стоилов се раздели со Македонија ЃП.

Стоилов пред една година дојде во Ѓорче Петров, а претходно настапуваше за Шкупи, за Зира од Азербејџан и за Академија Пандев.

Нов едногодишен договор потпиша, пак, Стефан Лазаревиќ. „Лавовите“ досега ги продолжија договорите и со Есмин Личина, Филип Мишевски и Филип Алексовски.

Првиот собир за летните подготовки на Македонија ЃП ќе биде на 7. јуни. Централните подготовки, пак, за настапот во УЕФА Конференциската лига тимот ќе ги реализира во Словенија, каде се закажани и четири тест средби. Првиот пријателски дуел е закажан за 23. јуни против Железничар од Сараево, а потоа се и дуелите со словенечки Целје на 26. јуни, па Радомље на 29. јуни, и на крај против српски Чукарички на 1. јули.

Се вчитува...