„Лавовите“ се засилија и со Србинот Павишиќ од грузијска Самтредиа (ВИДЕО)

Македонија ЃП за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига се засили и со српскиот интернационалец Страхиња Павишиќ кој доаѓа од редовите на грузијска Самтредиа.

27-годишниот дефанзивен фудбалер за врска е уште едно засилување за „лавовите“ кои сериозно се подновија во јануарскиот преоден рок досега во желбата за што попуспешен пролетен настап.

Претходно Македонија ЃП се засили и со поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски, како и поранешниот вардаров напаѓач Џонатан Балотели, но и Бразилецот Џонатас Жилберто да Силва, како и шпанскиот дефанзивец Давид Родригез Лопез.

Се вчитува...