Македонија ЃП ја продолжува „грчевитата“ битка за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, запишувајќи значајни три бода со победата од 3-1 во пресметката со Работнички на домашен терен.
„Романтичарите“ први поведоа во раната фаза од натпреварот, но „лавовите“ успеаја да дојдат до пресврт уште пред полувремето, со два гола во првиот дел. Во второто полувреме следеше уште еден погодок за конечна победа од 3-1.
Мартин Талаков во 13. минута го донесе Работнички до водство, но потоа голови на Али Адем во 38. минута, и на Стојчевски во 45. минута за 2-1. Во 58. минута стрелаше и Николиќ за конечна победа од 3-1 на Македонија ЃП.
На вториот денешен натпревар, Тиквеш без никакви проблеми со 0-5 славеше на гостувањето против Арсими во Гостивар.
Кавадарчани до предност од 0-3 дојдоа уште во првото полувреме, со головите на Стојанов во 4. минута , Муса Гуел во 9. минута и Луциано во 35. минута од првиот дел. Во второто полувреме погодија и Сила и Голубов за конечна победа од 0-5 на Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

