„Лавовите“ веруваат во чудо… „Петар Милошевски“ носи среќа за следна рунда (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Лавовите“ веруваат во чудо, ако може така да се нарече пласманот во второто коло од квалификациите во Лигата на Европа. Негативата од 1-3 против ерменски Алашкерт од првиот натпревар не носи многу надеж кај поголемиот дел од домашната фудбалска јавност. Но, така не размислуваат и фудбалерите на Македонија ЃП.

„Имаме сила и мотив за пласман понатаму. Посакуваме и стадионот ‘Петар Милошевски’ каде ќе го играме дуелот да ни донесе среќа“ – коментираа фудбалерите на Македонија ЃП на денешниот последен тренинг пред утрешниот натпревар.

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Алашкерт се игра утре со почеток од 16:30 часот на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во рамките на комплексот Куќа на фудбалот во Скопје.

 

Се вчитува...