Македонија ЃП со гостувањето против Тиквеш денеска од 17 часот во Кавадарци ја почнува својата нова прволигашка сезона.
„Лавовите“ се стабилизираа изминативе години како еден од најдобрите македонски тимови кој умее и тоа како да игра сериозна улога во елитата. Така ќе биде и оваа сезона, иако е јасно дека ги очекува повеќе од тешка задача низ шампионатот да се обезбеди повторно европски излез преку домашните натпреварувања.
„Знаеме дека секогаш е тешко да се игра во Кавадарци, и затоа носиме голем респект за Тиквеш. Но, сакаме да го повториме последниот резултат кога гостувавме во Кавадарци. Подготвени сме максимално и ќе одиме на победа на стартот од новата сезона во Првата лига“ – вели Бојан Илиевски.
ПМФЛ – 1. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Охрид: ВОСКА – ШКЕНДИЈА
Струмица: АП БРЕРА – ВАРДАР
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС
Струга: СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ (17 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА