Македонија ЃП ја препушта фаворитската улога на ЦСКА Софија и пред денешниот реванш-натпревар во 2. квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига. Но, јасно е дека „лавовите“ ниту најмалку не планираат предвремено предавање со Бугарите, но отворено најавувајќи битка до последен атом да се изненади противникот и да се елиминира од европските натпреварувања.
Максимална желба за надигрување на денешниот дуел најавува и стратегот на Македонија ЃП, Муарем Бајами.
„Почнуваме од нула по она реми без голови во Скопје. Останувам на тоа дека ЦСКА Софија е фаворит, но ние во Скопје успеавме да одиграме тактички дисциплинирано. Сега ќе биде еден сосема поинаков меч, двата тима повеќе се познаваме, знам дека ќе ни биде тежок натпревар но верувам во моите момци дека можат повторно да одиграат квалитетен меч. Можеби ЦСКА не е во својата најдобра форма, има нов тренер, нови прилагодувања за играчите, но секако се силен тим кој јасно е дека ќе атакува на победа“ – вели Бајрами.
Натпреварот меѓу ЦСКА Софија и Македонија ЃП се игра денеска (28. јули) од 19 часот на стадионот „Бугарска Армија“ во Софија. Првиот натпревар во Скопје заврши без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА