Фудбалерите на Македонија ЃП во максимален ритам од самиот старт ги почнаа подготовките во Анталија.
Шефот на стручниот штаб Неџи Шенсои има извонредни услови за работа во една од најголемите фудбалски подготвителни бази во Европа.
Во Анталија „лавовите“ ќе одиграат и пет пријателски средби. Противници на Македонија ЃП ќе бидат украинските Шахтјор Доњецк, Александрија, бугарските тимови Черно Море од Варна и Пирин, како и Тузла од БиХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА