Прволигашот Македонија ЃП од денеска се наоѓа на зимски подготовки во Охрид, каде ќе се задржи до 11. февруари, за кој период планирано е одигрување и неколку пријателски натпревари.
Екипата на Јовица Кнежевиќ во изминатиот период работеше во спортски сали а отежнато беше работењето на терен, поради лошите временски услови во нашата држава. Како што е договорено, екипата од Ѓорче Петров на 31. јануари ќе одигра меч со Борац Чачак, на 2. февруари со Шкупи, два дена подоцна ги чека пресметка со тетовска Ренова, а на 10. февруари ќе одиграат натпревар против Младост Подгорица. Ќе бидат одиграни уште неколку пријателски средби, но противниците се уште не се познати.
На овие подготовки, со екипата ќе биде и 21-годишниот офанзивец Лукаш Меирилеш, кој доаѓа од Бразил и доколку ги задоволи апетитите на управата на „лавовите“, тој ќе остане во екипата да и помогне во борбата за опстанок. Со тимот заедно е и Дејан Тантуровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА